Дојдете во Охрид и почуствувајте го пулсот на длабоките наслаги од времето, фатени во постојаната игра на езерото што ви ја дава погледот од хотелот. Волшебно чуство на мир протекува низ сите сетила, создавајќи ја прекрасната слика во видикот. Ќе го фатите шумот во летот на галебите и секоја капка од водите езерски во кој блескоти бисерот охридски создаван од солзите на мистериозната Лихнида чие дело е Охридското Езеро, како најбесценет бисер на светското богатство што донесува неповторлива возбуда и незаборавно доживување. Вие ќе ги слушнете издишките на самата Лихнида кога солза по солза и бисер го создава Езерото и ја затвора во водата вечната тајна на моќта на убавината. Тоа ќе го видите од сите соби, од сите прозорци на Хотелот кои низ бисерните очи го гледаат езерото а тоа повратно преку нив ја гали вашата душа со длабоко спокојство и со трепетлива возбуда. Сета таа убавина ја доживувате овде, во хотелскиот амбиент, во неговиот ентериер и екстериер, во душата што му ја дава Охрид со старата богата чаршија крај него, величенствените архитектури од далечните времиња, монументалните црковни изданија од кои зборуваат вековите. Во песната на сликата од зографот, тој голем, неуморен мајстор на фрескосликарството и чудесните звуци од глетото на резбарот што ги исплетува врз дрвото чудесните шари на рељефите по охридската црковна архитектура. Тоа е сон и вашиот сон е јаве зашто владеете со него, му се восхитувате на убавините, ја исполнуваат тие вашата душа и го исполнуваат вашето време со трајни, незаборавни спомени. Чуствувате како езерото ја плиска вашата душа тука во луксузните апартманисо кои располага хотелот, на француските лежаи го имате чуството како да ве лулејат брановите во заносен дремеж. Малку погоре е Музејот на град Охрид што ќе ви ја прекаже целата историја на древните народи, градители и воини. Самоиловата тврдина како сведоштво на бурните времиња. До Вас стигнува шепотниот глас на 3,500 студенти од големиот универзитет на чудотворецот Климент кој во китна вежба го препишуваат словото божјо и тој шепот стигнува до Вас патувајќи низ цел еден милениум за да ги откриете големите тајни на сесловенската писменост што од искра до пламен бликнала во Охрид за да ги воздигне словенските народи и да го даде големиот придонес во светската куќа на мудроста. Охрид В е пречекува со целогодишни културни манифестации, од кои ќе ја почуствувате илјадагодишната традиција на незаборавни доживувања.